Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турскиот туризам губи милијарди поради стравот од тероризам

Турскиот туризам губи милијарди поради стравот од тероризам

Турските приходи од туризмот се намалиле за 13,8% во вториот квартал на годината, што е пад од 7,73 милијарди во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на турскиот статистички институт, пренесуваат локални турски медиуми.

Зголемувањето на загриженост за безбедноста, поради можноста за напади од "Исламска држава", како и други геополитички ризици како свиената руска економија, одиграле улога во значителниот пад, велат претставници од секторот.

Додека странските туристи потрошиле во просек по 911 долари на човек во првиот квартал на годината, оваа бројка се намалува до 719 долари во вториот квартал, покажуваат податоците од турската статистика.

Приходите од туризмот биле околу 4,87 милијарди долари во првиот квартал на годината, зголемување за 1,3% во однос на истиот период 2014 година.

Слично

Поврзани вести