Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турскиот раст на прагот да сруши рекорд

Турскиот раст на прагот да сруши рекорд

Економскиот раст во Турција во вториот квартал забрза, поради што можно е прогнозите за раст на годишно ниво да бидат надминати. 

Во период април - јуни БДП пораснал за 5.1%. Тоа се подобри резултати во однос на 5% во првите три месеци. 

Раст има во скоро сите сектори. Во градежништвото растот е 6.8%, а во услужните дејности 5.7%. 

За оваа година Анкара предвидува раст од 4.4%. 

Минатата недела премиерот Бинали Јилдирим најави дека растот ќе биде надминат. 

Меѓународната агенција Мудис ја зголеми прогнозата од 2.6 на 3.7%. 

Слично

Поврзани вести