Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турскиот производител на беспилотни летала започна со изградба на фабрика во Украина

Турскиот производител на беспилотни летала започна со изградба на фабрика во Украина

Турската компанија „Бајкар“ започна со изградба на фабрика во близина на Киев, која ќе вработи околу 500 луѓе и ќе ги произведува своите модели на дронови, изјави денеска извршниот директор на компанијата Халук Бајрактар.

Тој за Ројтерс на маргините на Светскиот одбранбен саем во Ријад потврди дека е започната изградбата на фабриката, која треба да биде завршена за околу 12 месеци.

„Потоа преминуваме кон поставување на внатрешната механизација, опрема и организациска структура“, рече тој.

Бајрактар ​​истакна дека производствениот капацитет ќе биде околу 120 единици секоја година, но додаде дека сè уште не е јасно дали производството во украинската фабрика ќе биде фокусирано на моделот на беспилотни летала TB2 или TB3.


Беспилотните летала Bayraktar од турско производство станаа популарни во светот откако украинската армија почна да ги користи во војната против руските сили за уништување оклопни возила и артилериски системи, пренесува Танјуг.

„Бајкар“ претходно објави дека склучил договори за извоз на својот дрон ТБ2 со 30 земји, меѓу кои Украина, Етиопија, Либија и Азербејџан.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести