Турскиот премиер во посета на „Џевахир Скај Сити“
Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу при официјалната посета на Македонија оствари средба и со менаџментот на компанијата Џевахир Скај Сити. Тој се интересираше за одвивањето на работите на највредната инвестиција од турска компанија во Македонија, до која фаза е изградбата на Џевахир облакодерите и со која динамика напредува градбата. Се распрашуваше за проценките и плановите за комплетното завршување на целиот комплекс и кога првите станари ќе се вселат во импозантниот комплекс.
Посебен интерес кај премиерот Давутоглу побуди посетата на изложбениот салон, каде што имаше можност да погледне како ќе изгледаат апартманите откако ќе бидат завршени. Притоа, се увери во екслузивноста и уникатноста на становите што компанијата Џевахир ги пласира на македонскиот пазар.
Средбата ја искористи и за разговор со вработените при што беа пренесени импресиите од нивната работа.

Слично