Турскиот премиер Давутоглу поднесува оставка?
Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, размислува да поднесе оставка, пишува германскиот „Фокус“, повикувајќи се на информации на турскиот весник „Хуриет".
Како причина за евентуалното напуштање на премиерската функција се наведуваат несогласувањата и борбата за власт со државната глава Реџеп Таип Ердоган.
Според турските медиуми Ердоган планира да го замени Давутоглу со министерот за транспорт Бинали Јилдирим или енергетскиот министер Берат Албаирак.
Пред 2 години Давутоглу ја презеде функцијата на премиер и претседател на Партијата на правдата и развојот (АКП), лидер на која беше Ердоган.
Самиот Ердоган беше избран за претседател, но гозадржи влијанието во Владата.
Минатата недела против волјата на Давутоглу раководството на неговата партија одлучи да ги ограничи овластувањата на претседателот. Тоа беше оценето како пораз за премиерот.
Во секој можен случај блиски до Ердоган коментатори го критикуваат Давутоглу и тоа сè поостро. Обвиненијата се различни - од обиди за слабеење на позицијата на претседателот во неговата сопствена партија до нарушување на угледот на владата.
Во одговор на критиките премиерот излезе со обраќање кон сопствената парламентарна група, нагласувајќи дека АКП е многу поважна од индивидуалност во неа, мислејќи и самиот себе.
„Можам да го напуштам секое работно место, но нема да го скршам срцето на моите пријатели, со кои делиме заедничка кауза“, рече Давутоглу на состанок на партијата, коментирајќи ги гласините за оставка.
„Ќе се повлечам, ако е потребно. Напуштив такви работни места, какви луѓе ќе речат дека само смртници не може да ги остават. Но никогаш нема да го скршам срцето на моите пријатели во тоа движење“, истакна премиерот на Турција.
Според турските медиуми, сето тоа може да доведе до дестабилизација на владејачката партија и да има неочекувани последици. Денес претстои средба меѓу Ердоган и Давутоглу.
