Турскиот пазар се распаѓа
Акциите на водечките европски берзи пораснаа откако тргувањето продолжи поради божикната пауза. Меѓутоа, политичката криза во Турција доведе до пад на лирата на рекорден минимум.
Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 зајакна за 0,85 отсто на 6.750,87 поени, паришкиот ЦАЦ 40 за 1,40 отсто на 4.277,65 поени, а франкфуртски ДАКС 30 за 1,06 отсто на нов рекорд од 9.589,39 поени, пренесе агенцијата Франс прес.
На валутната берза, турската лира вчера падна на рекордно ниско ниво од 2,1764 долари, но нешто подоцна се опорави на 2,1492 долари. Главниот индекс на истанбулската берза падна за 3,9 отсто, за да го заврши денот со пад од 1,04 отсто.
„Турција тоне во политичка криза, а лирата е на историски минимум“ - рече Оливие Џејкоб од фирмата Петроматрикс.
Тројца турски министри, чии што синови се приведени во рамки на истрагата за скандалот кој ја потресе владата на премиерот Реџеп Тајип Ердога, во средата поднесоа оставки, а еден од нив го повика самиот премиер да даде оставка. Како одговор на ескалацијата на кризата, Ердоган најави смена на 10 министри во својот кабинет.
До пад на лирата дојде по одлуката на централната банка на Турција да продаде дел од доларските резерви како би ја поттикнала домашната валута.
Слично
