Турска компанија ќе гради погон во Бунарџик, најавуваат сто нови вработувања
Сто нови работни места треба да отвори новата фабрика во Бунарџик која ќе ја гради турскиот лидер во производство на дискови за сопирачки компанијата Менсан. Според директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, новата турска инвестиција изнесува 5 милиони евра.
„По неколку месечни преговори денеска претставниците од компанијата донесоа одлука да инвестираат во Република Македонија“, посочи Фида кој истакна дека е задоволен од ваквата одлука.
Една од главните причини поради која Тутците одлучиле да инвестираат во Македонија е нивната визија за развивање на компанијата во Европа, истакна Алев Ѓудум од компанијата Менсан која ќе произведува дискови за сопирачки, а фабриката ќе почне да ја гради во втората половина од 2014 година.
„Нашата инвестиција ја гледаме како една врата за отварање кон Европа. Тука сметаме дека ќе го развиеме нашето производство на дискови за сопирачки со што ќе имаме поблизок пристап до европските земји“, додаде Ѓудум по промоцијата на турската инвестиција.
Слично
