Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турскиот извоз се намали - во кои земји ги пласираат производите?

Турскиот извоз се намали - во кои земји ги пласираат производите?

Турскиот извоз е во пад. 

Турскиот извоз во мај забележа остро намалување од 9,5 проценти на годишно ниво и изнесуваше 22,46 милијарди долари, покажуваат прелиминарните податоци од турскиот Завод за статистика.

Во истиот период, увозот се намалил за 10,8 проценти и достигнал 28,07 милијарди долари.

По падот на извозот и увозот, трговскиот дефицит на Турција во мај изнесувал 5,6 милијарди долари, што е за 15,6 проценти помалку во споредба со истиот месец лани. 

Германија е и натаму најголемиот извозен пазар за турските производи, но вредноста на испораките значително се намалила – од 2,96 милијарди долари во мај минатата година на 1,71 милијарда долари годинава.

По Германија следуваат САД, Велика Британија, Италија и Шпанија, а овие пет пазари сочинуваат речиси 30 проценти од вкупниот турски извоз. објави Скопје1.мк

Слично

Поврзани вести