Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турскиот „Гонул Кахвеси“ влегува во Македонија преку Босна и Херцеговина

Турскиот „Гонул Кахвеси“ влегува во Македонија преку Босна и Херцеговина
Турскиот ланец кафетерии „Гонул Кахвеси“ потпиша мастер договор за франшизи во целиот региион со „Универзал консалтинг груп“ од Босна и Херцеговина. Со ова, оваа компанија стана носител на франшизата за ваков тип кафетерии во Босна и Херцеговина, но и во Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Македонија. Турскиот ланец ќе ја започне експанзијата на Балканот со кафетерија во Сараево на 27 февруари, а во април и во Тузла. Во 2015-та ширењето на ланецот треба да продолжи и во останатите балкански земји, а компанијата има намера во следните три години да отвори 30 кафетерии во регионот. „Гонул Кахвеси“ во моментов има 54 кафетерии низ цела Турција. Во 2012 година остварија приход од 10,7 милиони евра, а лани тој приход беше удвоен. Компанијата пробивот го прави користејќи го брендот на турското кафе.  
Слично

Поврзани вести