Турскиот „Догус Холдинг“ активен и во поморскиот бизнис
Турскиот конгломерат „Догус Холдинг“, присутен во разни деловни сектори вклучувајќи ги и медиумите и банкарството, шири активност на поморскиот бизнис во Грција, преземајќи 50 отсто удел во пристаништето Флисвос, едно од најголемите пристаништа во Атина. Компанијата „Ламда дивелопмент“ во состав на грчката „Латсис група“, која е сопственик на пристаништето за мега јахти и турскиот партнер постигнаа договор за нова компанија за оваа дејност, известува турскиот весник „Хуријет дејли њуз“.
Слично
