Турски валутен патриотизам - што е тоа?
Секој кој овие денови во Турција ќе одлучи да размени девизи за локални лири, може да добие награда.
Во зависност од износот, наградата може да стигне дури и за цела свадба, но во најмала рака за еден ручек или за Самуел леб. Се нудат и бесплатни надгробни плочи. Со овие награди патриотски настроените турски претприемачи ги мотивираат луѓето да го следат повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган и да ги разменат во турски лири своите заштеди од долари или евра. Ова ќе помогне за запирање на девалвацијата на турската национална валута.
„Ќе ја сочуваме лирата на нозе и ќе го уништиме доларот" - вели истанбулскиот пекар, Гокан Кук.
Тој нуди бесплатен Самуел леб за секого, кој ќе му донесе потврда за разменети барем 250 долари. Кук вели не добива ништо, туку сака да помогне на државата.
