Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски туристи биле ограбени и затворени во БиХ

Турски туристи биле ограбени и затворени во БиХ

Четворица киднапирани турски туристи се пронајдени во куќа во близина на босанскиот град Сараево. 

Тие се ослободени откако неколку дена биле врзани во куќа во местото Кованиќи кај Топчиќ Поље, пишува сараевскиот портал „Кликс“. Станува збор за лица родени во 1994, 1998, 2001 и 1993 година. Туристите биле затворани и чувани во куќата како затвореници, а сето тоа го правел човек кој и бил од претходно познат на полицијата. По неколку дена, еден од туристите успеал да се ослободи и да побара помош од мештаните во Кованиќи, кои потоа повикале полиција и ги ослободиле другите туристи. Турските туристи допатувале од Црна Гора и сакале да шетаат во БиХ. Тие сега се под заштита на полицијата. 

Слично

Поврзани вести