Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски тенкови бомбардирале сириско село

Турски тенкови бомбардирале сириско село

Турски тенкови бомбардирале село во северниот дел на Сирија, кое е под контрола на сириските Курди, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

Бомбардирањето било извршено ноќеска. Селото се наоѓало во Магхар во провинцијата Алепо на границата со Турција. Тоа е под контрола на сириските Курди сили.

Нападот се случува во момент во кој Турција изврши напади врз џихадисти од групата „Исламска држава“ во Сирија, но и против курдските сили од Курдската работничка партија „ПКК“ во северен Ирак. Анкара го смета „ПКК“ за терористичка организација.

Од организацијата Курдските делови за заштита на курдското население потврдија дека селото Магхар било напаѓано од турски тенкови. Четворица членови на движењето биле повредени, како и неколку жители на селото. Нападнато било уште едно село во истиот регион.

„Наместо да ги нападнат позициите на терористите од „ИД“, турските сили ги нападнале нашите позиции, од кои ние се браниме  против „ИД“, се вели во соопштението на сириското курдиско движење.

„Ги повикуваме турските лидери да стават крај на оваа агресија и да се придржуваат кон меѓународните правила. Ја повикуваме турската армија да престане да пука во нашите борци и нашите позиции“ се додава во соопштението.

Слично

Поврзани вести