Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски тек ги доби сите дозволи: Кога почнува изградбата на гасоводот?

Турски тек ги доби сите дозволи: Кога почнува изградбата на гасоводот?

Русија ги доби сите неопходни дозволи за почеток на работите на проектот гасовод „Турски тек“, рекол денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Новак ова го објавил после состанокот на руско-турските меѓудржавни комисии.

„Турската страна ќе им достави на компаниите нови, дополнителни дозволи кога тоа ќе биде потребно, во согласност со меѓудржавниот договор“, рекол Новак.

Тој додал дека ова е фазен процес и дека поставувањето на гасоводот ќе почне во 2017 година.

„Меѓудржавниот договор за условите за реализација на проектот е потпишан на 10 октомври, а рокот за завршување на работите е крајот на 2019 година“, рекол Новак и напоменал дека во тек се „големи прелиминарни работи“.

Слично

Поврзани вести