Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски рибари најдоа мртво 4-годишно бегалче од Сирија

Турски рибари најдоа мртво 4-годишно бегалче од Сирија

Турски рибари го пронашле телото на 4-годишно сириско девојче бегалче на брегот во одморалиштето Бодрум, пишува „Хуриет“.

Судбината на малата потсетува на трагедијата со момченцето Аилан Курди, чие безживотно тело исто така беше пронајдено во Бодрум во септември оваа година.

Девојчето најверојатно е дел од групата бегалци, кои се обидоа да дојдат до турскиот брег крај Бодрум на 18 ноември оваа година. Повеќето од нив  загинаа, а крајбрежната стража успеа да спаси само 8 луѓе.

До моментов е разјаснето само дека девојчето се вика Сена. Таа е препознаена од еден од бегалците кои се закотвени во Бодрум заедно со роднините на детето - Мирван Хасан. Имено, тој го идентификувал телото во мртовечница во градот Бодрум. Телото на Сена беше пронајдено стуткано помеѓу две карпи на островот Каталада.

Сена била облечена со сини фармерки и црвена блуза, слични облека на онаа со кои беше пронајден и малиот Аилан.

Слично

Поврзани вести