Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски министер вети дека Турција по кризата ќе излезе посилна

Турски министер вети дека Турција по кризата ќе излезе посилна

Tурскиот министер за финансии, Берат Албајрак им изјави денеска на меѓународните инвеститори на телеконференцијата дека Турција ќе излезе од „курсните осцилации“ посилна отколку кога било.

Албајрак денеска разговараше со неколку илјади инвеститори, за да ги извести за моменталната состојба на турската економија.

Тој на инвеститорите им рекол дека турските банки се „здрави и јаки“ и дека приоритет ќе остане борба против инфлација, удвојување на структурните реформи и со тоа монетарната политика.

Меѓународните инвеститори се загрижени поради големиот надворешен долг на Турција и одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на централната банка да не и дозволи да ги зголеми каматите во цел поддршка на валутата, што стручните лица го сметаат  за неопходно.

Слично

Поврзани вести