Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски „Истем Медикал“ од следниот месец започнува со инвестицијата во Македонија

Турски „Истем Медикал“ од следниот месец започнува со инвестицијата во Македонија
Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација, кои се во неколкудневна посета на Турција, синоќа во Анкара остварија работна вечера со сопствениците и менаџментот на компанијата „Истем Медикал“. Оваа компанија веќе претходно објави дека ќе инвестира во технолошко - индустриската развојна зона во Скопје каде ќе произведуваат медицинска опрема, катетрхидрофилни катетери, уролошки системи  и останати медицински производи. Премиерот Груевски и менаџментот на компанијата разговараа за динамичниот план на компанијата и инвестицијата чие отпочнување од компанијата „Истем Медикал“ се најавува многу наскоро. „Ние веќе во почетокот на наредниот месец планираме да започнеме со изградба на фабриката. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра. Првенствено ќе имаме 150 вработени и после неколку години планираме таа бројка да се зголеми и да дојде до 250 вработени. Инаку сме многу благодарни на Владата што нуди добри услови за инвестирање и секогаш се однесува пријателски и добро не прими. Економските промотори многу ни помогнаа во реализирањето на оваа инвестиција и веруваме дека со ова темпо ќе продолжиме и понатаму и ќе реализираме и други инвестиции во иднина”,  изјави извршниот директор на „Истем Медикал“, Муса Јамурло. „Се работи за турска компанија која ќе произведува медицинска опрема во Република Македонија и ќе придонесе за креирање на нови работни места. Ова е доказ за сериозниот пристап и посветената работа на Владата која креира успешна бизнис клима за привлекување на нови странски директни инвестиции”, изјави заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Климент Шекеровски. Денеска владината делегација ја продолжува својата посета на Република Турција каде ќе се одржи бизнис форум во главниот град Анкара. На него ќе бидат презентирани поволностите за инвестирање во Република Македонија пред повеќе турски инвеститори и компании, а во попладневните часови премиерот Груевски ќе се сретне со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу.
Слично

Поврзани вести