Турската полиција уапси седум лица поврзани со нападот во Истанбул
Седум лица се уапсени во врска со терористичкиот напад во Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала, цитиран од новинските агенции.
Еден од нив бил уапсен ноќта во вторникот, а четворица други - во средата.
„Овој поединец не бил под надзор“, изјавил премиерот Ахмет Давутоглу, цитиран од весникот „Заман“. „Тој влегол во Турција како бегалец, и како барател на азил“. Напаѓачот е идентификуван по фрагменти од черепот, лицето и ноктите.
Неговите врски со терористичките групи биле откриени по нападот, бидејќи тој не бил на листата на опасни лица, чувани од Турција и нејзините европски партнери.
„Освен во „Исламска држава“ се сомневаме дека има и одредени сили за користење на групата“, изјавил Давутоглу, користејќи го арапскиот акроним за „Исламска држава“.
Според турските медиуми, полицијата уапсила и една жена под сомнение дека е поврзана со организацијата.
28-годишниот Набил Фадли бил арабиец по потекло и побарал азил во Турција на 5 јануари. Tој пристигнал во бегалски центар во истанбулскиот кварт „Зеитинбурну“ заедно со други четворица мажи и останал таму неколку дена.
10 лица загинаа во експлозијата, кој експлодирала во едно од најпрометните туристички места во градот.
