Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турската полиција ја проверувала содржината на „Џумхуриет“ поради најавите дека ќе објави карикатури од „Шарли Ебдо“

Турската полиција ја проверувала содржината на „Џумхуриет“ поради најавите дека ќе објави карикатури од „Шарли Ебдо“
Турската полиција рано утринава го запрела камионите за дистрибуција на високотиражниот дневен лист на умерената левица „Џумхуриет“, со цел да ги провери содржините на весникот, откако беше најавено дека дневникот ќе објави карикатури од парискиот магазин „Шарли Ебдо“. Камионите за дистрибуција од страна на полициските служби биле запрени при излезот од печатницата, но подоцна им дозволила да го дистрибуираат денешниот број бидејќи во содржините на весникот не била објавена насловната страна со карикатурата на пророкот Мухамед со наслов „Се е простено“, кој е нацртан со солза во окото, и со транспарент во рацете на кој пишува „Јас сум Шарли“. „Џумхуриет“ во денешното издание, во знак на солидарност со жртвите од терористичкиот напад во Париз, објави карикатури и текстови на четири страни, но тие не содржеа верски проблематични цртежи. Полицијата пред редакцијата на овој весник како и пред печатницата го зголемила нивото на безбедност. Турската државна агенција Анадолија, јави дека неколку студенти протестирале пред редакцијата на „Џумхуриет“ во Анкара поради објавувањето на париските карикатури.  
Слично

Поврзани вести