Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турската лира поскапе по победата на Ердоган

Турската лира поскапе по победата на Ердоган

Убедливата победа на претседателската Партија на правдата и развојот (АКП) предизвика бурна реакција на меѓународните пазари. Акциите на турските компании пораснаа за 5 проценти за само неколку часа утринава. Освен тоа турската лира поскапе за 5,4% во однос на доларот. Според агенцијата „Блумберг“ тоа е највисокиот раст на турската лира на доларот од 2008 година.

Формацијата, блиска до претседателот Реџеп Тајип Ердоган, освои апсолутно мнозинство на предвремените парламентарни избори.

turcija 1

На вчерашните предвремени парламентарни избори „АКП“ го поврати мнозинството, кое и овозможува да состави влада. Со 49,3% изборна поддршка, партијата освои 316 места во 550-члениот парламент, а потребниот минимум за самостојна влада е 276 места. Илјадници приврзаници на партијата излегоа на улиците за да ја поздрават победата.

Претходно денеска Европската унија соопшти дека ќе соработува со новата влада на Турција по изборите, што е показател за „силната приврзаност“ на народот кон демократијата. Тоа го изјавиле првиот дипломат на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан во заедничката изјава.

Слично

Поврзани вести