Турската лира на историски минимум во однос на доларот и еврото!
Зголемената загриженост на пазарите од негативното влијание што може владиниот корупциски скандал да го предизвика врз финансискиот сектор предизвика притисок врз турската лира, која и денеска продолжи да паѓа, достигнувајќи го историскиот минимум во однос на доларот и еврото.
Турската лира попладнево се менува по курс од 2,2436 лири за долар, наспроти петочните 2,2246 лири за долар. Курсот на лирата во однос на еврото изнесуваше 3,0419 турски за една европска валута, наспроти 3,0177 лири за евро во петокот.
Турската централна банка за утре закажа седница на Комисијата за монетарна политика, на која се очекуваат посериозни мерки за да се запре намалувањето на вредноста на турската лира. Една од мерките која се споменува како можна е евентуално зголемување на основната каматна стапка, мерка која централната банка во Анкара досега не ја преземаше, стравувајќи од негативното влијание врз растот на буџетскиот дефицит.
Слично
