Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турската лира доживеа рекорден пад во однос на доларот

Турската лира доживеа рекорден пад во однос на доларот

Се случи рекорден пад на турската лира во однос на доларот. 

Турската национална валута падна на историски минимум од 45,02 лири во однос на американскиот долар, според најновите податоци за девизниот курс.

Турската валута дополнително ослабе од претходниот курс од 44,97 лири за долар.

Централната банка на Турција пред два дена одлучи да ја остави својата клучна каматна стапка непроменета, моментално на 37 проценти. Банката ги остави каматните стапки непроменети по втор последователен состанок од 12 март.

Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата. 

Ова се случи по почетокот на војната на Блискиот Исток. Со години лирата е нестабилна. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести