Турската економија сo пад за прв пат по седум години
Турската економија неочекувано доживеа пад во третиот квартал главно поради пад на потрошувачката, соопштува Bloomberg.
Тоа јасно покажува дека обидот за државен удар во јули и последователната политичката криза натежнуваат над корисничката доверба, коментира агенцијата.
Ова е прво намалување на БДП на Турција за седум години, нагласува новинската агенција.
Падот е во износ од 1,8% на годишна основа во периодот јули-септември, покажуваат податоците на статистичката служба. Просечната прогноза на економистите анкетирани од Bloomberg, беше за годишна експанзија од 0,3%.
По обидот за пуч на 15 јули се намалија инвестициите.
Чистките чинеа илјадници работни места.
Минатата недела турската статистичка служба соопшти дека ја менува методологијата по која пресметува БДП, за да не заостанува од меѓународните стандарди и да го мери попрецизно темпото на економска активност.
