Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигнаа првите стручни прогнози - Турската економија ја очекува тежок пад во 2019-та

Пристигнаа првите стручни прогнози - Турската економија ја очекува тежок пад во 2019-та

Економскиот раст на Турција ќе се намали. 

Агенцијата за рејтинг „Fitch”  ја намали прогнозата за раст на земјата поради валутната криза. 

Бруто домашниот производ годинава ќе порасне за 3,8 отсто, а само 1,2 отсто во 2019 година, стои во прогнозите  на рејтинг агенцијата објавена вчера. Досега експертите очекуваа економски раст од 4,5 проценти и 3,6 проценти. Во 2020 година, земјата требаше да достигне раст на БДП од 3,9 отсто.

„Нашите предвидувања подлежат на значителната неизвесност”- велат од “Fitch”.

Тука спаѓаат политичките грешки, поголемите финансиски оптоварувања во приватниот сектор, геополитички тензии и потенцијални одливи на капитал.

Лирата оваа година падна за 40%, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика во меѓународната трговија да се користат други валути. Лирата падна поради затегнати односи меѓу САД и Турција. 

Слично

Поврзани вести