Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турската амбасада со осуда за изразот на уредникот на Сител

Турската амбасада со осуда за изразот на уредникот на Сител

Реакција и остри осудувања за недоличното изразување кон турските граѓани во земјава во синоќешното интервју упатија од Турската амбасада.

„Со жалење го примивме овој недоличен израз упатен кон Република Турција и турската заедница која што прва ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и ја поддржува оваа братска и пријателска земја на секое поле“, стои во реакцијата на амбасадата.

Во соопштението од турската амбасада уште пишува „Овој израз полн со омраза и злоба, во иста мера го возвраќаме кон именуваното лице, кое во основа и порано покажало смелост во своите разни емисии и изјави да користи навредливи изрази кон високите раководители на Република Турција и Турците“.

Оттаму порачуваат дека и покрај извинувањето,  уредникот на Сител е далеку од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став и ја повика телевизијата да „преземе соодветни мерки“.

Слично

Поврзани вести