Турската „Аџибадем“ ги купи бугарските болници „Токуда“ и „Сити клиника“
„Аџибадем“ (Acibadem Sağlık Hizmetleri ve Ticaret A.Ş.), заедно со нејзината подружница во Македонија - болница „Аџибадем Систина“ (Acibadem Sistina), најавија дека денеска потпишале договор за стекнување на болницата „Токуда“ во Бугарија и нејзината подружница „Токуда груп“, како и за истовремено спојување со водечкиот синџир медицински установи „Сити клиника“.
Договорот е за купување на 100% од групата „Токуда“, додека тој со „Сити клиника“ е комбинација од купување на акциите на дел од акционерите. Остатокот од акционерите ги вложуваат своите удели во новата компанија. По потпишувањето на договорите, 76,5% од акционерскиот удел на новосоздадената компанија ( „Special Purpose Vehicle“) е во сопственост на „Аџибадем“ , а останатите 23,5% - на акционери од „Сити клиниката“.
„Сити клиника“е водечки синџир од медицински установи, основана во 2010 година, која обезбедува здравствени услуги на територијата на Софија, Варна и Бургас. Групата се состои од 3 болници и 3 медицински центри, а во неа е единствената болница во Бугарија, акредитирана од „Joint Commission International“ (JCI).
По отворањето на новиот онколошки центар „Сити клиника“ станува лидер во лекувањето на кардиоваскуларните и онколошки заболувања. Кардиоваскуларниот центар на „Сити клиника“ е универзитетска болница во два од најголемите медицински универзитети во Бугарија, обединувајќи висок квалитет на медицинските услуги со развој и академска дејност.
„Токуда груп“ е најголемата приватна здравствена структура во Бугарија, која вклучува 550 болнички кревети, медицински центар, центар за клинички испитувања, аптека и хоспис лоцирани на едно место во Софија.
Здравствената установа ги отвора своите врати во 2006 година како прва приватна болница, сто процентна сопственост на јапонски инвеститор.
Вкупната површина на болничка база е 52 000 квадратни метри а во неа се обезбедува комплетно лекување во речиси сите медицински специјалности. Болницата располага со 30 прегради и 22 операциони сали.
Склучувањето на двете трансакции ќе доведе до создавање на најголемиот приватен провајдер на здравствени услуги во Бугарија и ќе го направи водечка здравствена институција во Централна и Источна Европа.
Така „Аџибадем“ се етаблира како глобален бренд кој се дополнува со пазарните позиции, високиот квалитет на услуга и угледот на „Токуда“ и „Сити клиника“.
По спојувањето, здравствената група ќе продолжи со функционирање под името„Аџибадем Сити клиника“.
Г-дин Мехмет Али Аиднлар, претседател на Управниот одбор и извршен директор на „Аџибадем“ , вели:
„Договорот е во согласност со стратегијата на „Аџибадем“, која се фокусира на развивање на клучните пазари во Централна и Источна Европа и балканскиот регион.
Со реализација на потребата од квалитетни и хај здравствени услуги, за „Аџибадем“ договорот е навистина значаен. Светски познатата марка „Аџибадем“ има добро развиени клинички процеси, прецизно управување и оперативен пристап. Забележливо е дека со обединувањето на четирите болници, Бугарија ќе стане водечка земја во регионот во која се нуди врвна здравствена грижа.
Г-дин Артур Стерн, претставник на Т„okushukai Medical Group“, вели:
„Д-р Токуда е исклучително горд на фактот дека болница „Токуда“ има сериозен придонес во развојот на бугарското здравство, уште со отворањето пред 10 години. Успехот на „Аџибадем“ и зацврстување на угледот на групата ќе обезбедат медицинска установа и водечка улога во обезбедувањето на највисоките меѓународни стандарди во грижата за пациентите.“
Г-дин Илиан Григоров, извршен директор на „Сити клиника“, коментира:
„Овој договор е високо признание за огромните напори на лекарите, медицинските сестри и здравствените работници од „Сити клиника“ кои работат при препуштање во интерес на пациентите. Ние заедно ќе продолжиме да гарантираме висок стандард и квалитет на здравствените услуги во синергија со „Аџибадем“.
По трансакцијата сместувачката база на „Аџибадем“ на глобално ниво ќе се зголеми и ќе достигне скоро 3.500 легла, распоредени во 22 болници во 3 држави.
Се очекува договорот да се финализира до три месеци по потребните одобренија и исполнувањето на договорените услови.
Финансискиот и даночен консултант на „Аџибадем“ за трансакцијата е компанијата „Deloitte“, а правната услуга се обезбедува од адвокатската канцеларија „Esin and Partners“, член на „Baker & McKenzie International“, со седиште во Швајцарија, како и бугарската фирма „Джингов, Гугински, Кочуков и Величков“ (DGKV).
„Ernst & Young“ е финансиски и даночен консултант на „Токуда груп“ и неговите акционери.
Советник на „Токуда груп“ за договорот за стекнување се Адвокатската канцеларија „Браиков“ и „Squire Patton Boggs (UK) LLP“.
„Dentons“ и „DGKV“ дејствуваат како правни советници на „Сити клиники груп“ и неговите акционери.
