Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРСКА ИНВЕСТИЦИЈА: Нов центар за плодност во Скопје

ТУРСКА ИНВЕСТИЦИЈА: Нов центар за плодност во Скопје
Еден милион евра чини турската инвестиција за изградба на новиот Центар за плодност Newborn clinic во Скопје. Опремен со најсовремена опрема, во него работат искусни лекари од Турција, Албанија и Македонија од областа на гинекологијата, урологијата, анестезиологијата и генетиката. Во клиниката велат дека гарантираат за своите реултати и дека наплаќаат само откако резултатите веќе се видливи. „Во нашата работа ние создаваме живот и знаеме колку драгоцен и кревок може да биде посебно во одредена фаза од процесот. Токму порди тоа нашата политика е да понудиме резултати, а со тоа и да предизвикаме нечија среќа. Методите што ги користиме, експертиза со која што располагаме и тимот на едуцирани и реномирани специјалисти ни овозможува загарантирани резултати во нашата работа“, вели шефот на Одделот за ембриологија, д-р Бирол Ајдин. Оваа клиника се разликува од другите и по новите третмани што ги нуди - ЕРА методот, ПГС методот – предимплатантното генетичко скенирање, ендометријално гребење, ко-култура и ИУТП фертилизација за првпат се имплементираат во Македонија. Покрај ИВФ (ин витро фертилизација) методот и ИУИ (интраутерина инсеминација) во оваа клиника подеднакво се третира и неплодност кај мажите, исто така.
Слично

Поврзани вести