„Туркиш Ерлајнс“ попладнево продолжува со летовите
Авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ ги возобнови од попладнево своите редовни линии, откако синоќа ги откажа сите летови поради обидот за воен удар во Турција.
Почнувајќи од 13 часот авионите на „Туркиш Ерлајнс“ летаат по планираниот ред, изјави претседателот на Управниот одбор на авиокомпанијата Илкер Ајчи за телевизијата Си Ен Ен Турк. Поради, обидот за воен удар „Туркиш Ерлајнс“ од синоќа откажа 32 лета кон истанбулскиот аеродром „Ататурк“, додека 35 беа пренасочени кон други аеродроми.
Неколку од водечките авиокомпании синоќа ги откажаа летовите до Турција. Руските авиокомпании ги прекинаа редовните летови по наредба на претседателот Владимир Путин.
Турските поморски власти ја укинаа забраната за сообраќај низ протокот Босфор, која беше воведена од безбедносни причини. Сообраќајот на товарните бродови се врати во нормала, соопшти шпедитерската компaнија ГАЦ.
