Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРИЗМОТ ВО СЕПТЕМВРИ: Кои гости се побројни, домашни или странски?

ТУРИЗМОТ ВО СЕПТЕМВРИ: Кои гости се побројни, домашни или странски?

Бројот на туристите во септември 2016 година изнесува  84 018, а бројот на ноќевањата изнесува 197 122. 

Бројот на туристите во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 6.1%, а бројот  на ноќевањата е зголемен за 7.0%.  Ова се гледа од податоците на Државниот завод за статистика.  Бројот на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 
22.7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 0.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е 
зголемен за 21.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1.1%. 
Во периодот јануари- септември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на  туристите е зголемен за 4.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има  зголемување за 4.0%. 

Во периодот јануари- септември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.3%, а кај странските има зголемување за 0.8%.

Најбројни се Турците, а освен гости од соседството, Македонија ја посетиле и голем број Германци, Британци, Пољаци, Холанѓани, Италијанци, Кинези и други. 


Слично

Поврзани вести