Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРИЗМОТ ВО ПОДЕМ: Кои се најчести туристи во земјава?

ТУРИЗМОТ ВО ПОДЕМ: Кои се најчести туристи во земјава?

Туризмот бележи раст покажуваат резултатите на Државниот завод за статистика.

Имено, Турските граѓани се меѓу најчестите туристи кои доаѓаат во посета на Македонија.

Статистика во април бележи 57 462 туристи, а бројот на ноќевањата изнесува 118 111.

Бројот на туристите во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 9.9%, а бројот на  ноќевањата е зголемен за 13.9%. Бројот на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 16.6%, а  бројот на странските туристи е зголемен за 7.0%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен  за 23.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.9%.

Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17.9%, а кај странските има зголемување за 12.5%.

Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 27.7%, а кај странските има зголемување за 12.6%.

Слично

Поврзани вести