Туризмот во Грција цвета
Туристичката индустрија во Грција достигна раст во седумте месеци од годинава, спротивно на негативните прогнози на меѓународните туроператори поради стравувањата за сериозни последици врз индустријата од референдумот и од наметнатата контрола врз движењето на капитал во земјата, објавија MPA.
Според податоците на Унијата на грчките туристички агенции за седумте месеци од годинава туристичкиот поток во Грција се зголеми за 6,5 отсто во споредба со истиот период минатата година, што значи дека 529.905 туристи повеќе пристигнале преку воздух во земјата.
За седум месеци од годината Грција била посетена преку воздух од 8 695 269 туристи наспрема 8 165 364 туристи за истиот период минатата година.
Грчките туроператори се убедени дека обложената од нив првична цел во почетокот на 2015 година за рекорден број од 25 милиони туристи е реален, и дека нивниот број ќе биде со еден милион повеќе во споредба со 2014 година.
Министерот за финансии Евклид Цакалотос веќе објави дека е постигнат договор со меѓународните кредитори. Европската комисија, меѓутоа, прецизира дека има само "договор во принцип на техничка основа" и дека политичкото одобрување допрва доаѓа.
Претходно стана јасно дека Грција и кредиторите се согласија за буџетските вишоци кои земјата треба да ги постигне. Атина треба да постигне наредната година примарен суфицит од 0,5 отсто од својот бруто домашен производ (БДП).
Обработка: К.К.
Извор: MPA
Слично
