Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туризмот во Грција бележи рекорди во првото полугодие

Туризмот во Грција бележи рекорди во првото полугодие

Земјата е посетена од над 7,5 милиони луѓе уште пред почетокот на активната летна сезона.

Кризата во Грција не ги одбива туристите да го поминат својот одмор во земјата, покажуваат последните податоци на статистиката, пишува грчки „Катимерини“.

Во првите шест месеци од годинава, односно уште пред почетокот на активната сезона, земјата е посетена од рекордни 7,56 милиони туристи, што претставува раст од 20,8 отсто.

Главната причина за тоа се крие во зголемениот број туристи од САД, Германија и Велика Британија. Американците кои ја посетиле Грција, се за 41,6% повеќе во однос на истиот период минатата година. Германците пак се зголемуваат за 23,5 отсто. Во исто време, секторот забележа пад на руските туристи за 60,6%.

Приходите од престојот на граѓаните на САД во Грција се зголемуваат за речиси 33%, а од Велика Британија - за 30%. Приходите од руските туристи се намалуваат за 63 отсто, покажува уште статистиката.

Од грчката Асоцијација на туристички претприемачи (SETE) коментираат дека интересот за земјата е предизвикан од конкурентните цени спрема главни светски дестинации, како и од поевтините евра спрема другите валути, што ги привлекува граѓаните на земјите надвор од еврозоната.

Слично

Поврзани вести