Туризмот во Грција мелем за економијата, Македонија брои загубени сезони
Грчкиот туризам е „Оаза" за националната економија годинава, анализираат грчките медиуми изминатитете денови, откако се објавија податоците за рекорден број на туристи годинава. Грција годинава очекува да ја посетат рекордни 16,5 милиони гости, што е многу блиску до историскиот рекорд што земјата го имала во 2007 година. Според последните податоци на Централната банка на Грција потрошувачката на туристите во Грција скокнала во јуни, и со тоа се потврдени прогнозите дека рекордната летна туристичка сезона би можела на презадолжената земја да и обезбеди добра инјекција од странски приходи. Приходите од туризмот во јуни во Грција се зголемиле за 21 отсто, во однос на претходната 2012 година, кога изнесувале 1,59 милијарди евра. Со тоа вкупните приходи од туризмот во првата половина од 2013 година пораснале на 3,32 милијарди евра, што е за 18 отсто повеќе отколку во истиот период лани, кога стравот од грчкото излегување од еврозоната ги одвраќаше туристите од доаѓање во земјата.
Динамиката на грчкиот туризам се чинеше посебна во јуни, кога, според последните достапни сумирани податоци од цивилна воздушна пловидба, вкупниот број на пристигнувања со авион од странство кон грчки аеродроми се зголеми за 11,9% достигнувајќи 2,2 милиони за разлика од 1.97 милиони во однос на истиот месец од 2012 година.
Популарни дестинации за странските туристи, во кои има раст се :
- Mиконос постигна зголемување од 68,1%,
- Санторини 27,5%,
- Кефалонија 22,5%,
- Chania 21,8%,
- Закинтос 19,8%
- Хераклион 18,6% и
- Кос% 18,3
Слично
