Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туризмот појак од тероризмот: Потрошувачката на патувања расте

Туризмот појак од тероризмот: Потрошувачката на патувања расте

Луѓето во светот повеќе патуваат и покрај стравот од терористички напади, соопшти Светскиот совет за патувања и туризам.

Оваа организација наведува дека оваа година се очекува зголемување на потрошувачката во светот за 3.1%.  Тоа е помалку од прогнозата во март за 3.3%, но е повеќе од светскиот економски раст кој треба да биде 2.3%.

Дејвид Сковсил кој е претседател на организацијата вели дека макроекономските проблеми повеќе влијаат на туризмот од тероризмот.

„Патниците не дозволуваат изолирани терористички напади да ги одвратат од патување“ - вели тој.

Додава дека во туристичките места каде имало напади потребни се две години за опоравување, а на другите места нормализирањето е побрзо.

Најголем раст на патувањата ќе има во Азија и тоа за над 4%. Северна Америка останува на 3.1% што е светски просек.

Слично

Поврзани вести