Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туризмот неопходен извор на приходи за Хрватска

Туризмот неопходен извор на приходи за Хрватска
Туризмот претставува неопходен извор на приходи за Хрватска во овие тешки економски времиња кога земја се подготвува за приклучување кон Европската унија и кога за годинава се очекува понатамошен напредок на тој сектор, изјави хрватскиот министер за туризам Дарко Лоренцин. – Фактот дека наспроти тешката економска состојба во Европа продолжува позитивниот тренд во туризмот, покажува дека Хрватска навистина станала позната и популарна туристичка дестинација, рече министерот. Иако се очекува 2013 година да биде полна со предизвици, Лоренцин очекува позитивен тренд во туризмот. Лани приходите на хрватскиот туристички сектор пораснаа за 3,2 отсто на годишно ниво на 6,8 милијарди евра, што претставува 15,4 отсто од хрватскиот БДП. Во 2011 година туризмот учествуваше со 14,4 отсто во хравтскиот БДП.
Слично

Поврзани вести