Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРИЗМОТ ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА: Грција ќе прима странски туристи од 1 јули

ТУРИЗМОТ ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА: Грција ќе прима странски туристи од 1 јули

Грција ќе почне да прима странски туристи од 1 јули.

Деталите за повторното придвижување на туристичката индустрија, ќе бидат познати на 15 мај.

Владата процени дека Грција поради пандемијата изгубила 22 милијарди евра и 45.000 работни места.

Пандемијата на коронавирусот направи паника меѓу хотелиерите, туристичките агенции, угостителите и стопанските гранки поврзани со нив, а една третина се плашат од пропаѓање.

Од 4 мај, земјата постепено се нормализира. 

Туристичката индустрија сочинува 30 отсто од грчкиот БДП и дава најголем поединечен придонес на буџетот.

Слично

Поврзани вести