Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРИЗМОТ ИМ Е ВО ПЛУС СО НАД 20%: Од овие пет земји имаат најмногу гости

ТУРИЗМОТ ИМ Е ВО ПЛУС СО НАД 20%: Од овие пет земји имаат најмногу гости

Според податоците на сајтот eVisitor, во првите 4 месеци од оваа година во Хрватска имало 1.7 милиони посети, а се реализирани 4.7 милиони ноќевања. 

Во однос на лани раст на посетите има за 22%, а на ноќевањата за 26%. 

Бројот на странски туристи е зголемен за 25%, а на домашните за 14%. 

Овие резултати покажуваат дека Хрватска станува се попрепознатлива како дестинација која може да се посети во текот на целата година. 

Најмногу гости имало од Германија, а потоа следат Словенија, Австрија, Италија и БиХ. 

Се очекува до крајот на годината приходите од туризам во Хрватска  да бидат над европскиот просек. Засега најдобар месец за туризмот беше април. 

Слично

Поврзани вести