Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРИЗАМ ВО СВЕТСКИ РАМКИ: Од каде посетителите бегаат и каде се насочуваат?

ТУРИЗАМ ВО СВЕТСКИ РАМКИ: Од каде посетителите бегаат и каде се насочуваат?

1,23 милијарди меѓународни туристи лани посетиле барем на еден ден некоја земја во светот. 

2016 беше рекордна година за меѓународните туристи. 

Ова го покажуваат податоците на Светската организација за туризам на ОН. Посетите сепак не се распределени рамномерно, коментира Quartz.

Во Западна Европа се забележува нулта раст.

Франција забележува особено слаби резултати, затоа што  туристите ја одбегнуваат земјата поради трите големи терористички напади, два во Париз и еден во Ница за период од една и пол година. Локални претставници и бизнис лидери порано предупредија дека нападите може да удрат по туризмот во земјата и податоците навистина покажуваат дека посетителите избираат други дестинации. Други земји во Европа, како Шпанија и Австрија, стануваат атрактивни за туристите.

Извештајот покажува дека помалите земји треба да изградат подобра туристичка инфраструктура, за да привлечат поголем број на посетители, а пример за тоа е вечниот фаворит Исланд. Земјата забележа раст од речиси 20% на ноќевањата за една вечер во хотели и други објекти за сместување, покажуваат податоците на ЕУ.

Азија, од друга страна, забележа раст на туризмот. 

Други популарни дестинации ги вклучуваат Африка, каде што бројот на туристите е зголемен за 8% до 58 милиони.

Блискиот Исток сепак доживува тешкотии и бројот на посетителите е намален за 4% до 54 милиони.

Слично

Поврзани вести