Туристите се свртеа кон „поладни“ дестинации за летото - eве каде сакаат да се одморат
Пребарувањата за патувања до постудени дестинации, се зголемија за дури 3.500 проценти од 2024 година, а истражувањата покажаа дека најдоброто место за бегство од летните горештини е Нук на Гренланд.
Кога луѓето размислуваат за летен одмор, тие обично замислуваат сонце и високи температури. Меѓутоа, како што Европа станува потопла, во последниве години сè повеќе патници избираат постудени региони.
Според анализата на туристичката страница Inghams Walking, интересот за „ладни“ дестинации нагло порасна. Затоа тие анализирале повеќе од 200 дестинации со постудена клима за да утврдат кои се најдобрите места за летно бегство од жештината.
На врвот на листата беше Нук во Гренланд, за кој пребарувањата се зголемија за 48,39 проценти во последната година. Ова оддалечено место станува сè попопуларно, делумно затоа што сега е полесно да се стигне до него.
Нук е познат по својата единствена комбинација од арктичка природа и модерна културна сцена. Сместен покрај заливот, опкружен со планини и фјордови, нуди спектакуларни пејзажи.
Покрај Гренланд, најпопуларните дестинации каде можете да побарате спас од жештините се:
Ле Контамин-Монзоа, Франција
Полуостров Бера, Ирска
Национален парк Јотунхајмен, Норвешка
Тасиилак, Гренланд
Вос, Норвешка
Бохињ, Словенија
Лех, Австрија
Доломити, Италија
Аринсал, Андора
Полуостров Троласкаги, Исланд
Вилдерсвил, Швајцарија
Кандерштег, Швајцарија
Балестранд, Норвешка
Мирен, Швајцарија
Фјордленд, Нов Зеланд
Силс Марија, Швајцарија
Природен резерват Хорнстрандир, Исланд
Торидон, Шкотска
Кејп Бретон Хајлендс, Канада
foto printskrin youtube
