Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристите се пишманат, поради политичката криза ги откажуваат аранжманите

Туристите се пишманат, поради политичката криза ги откажуваат аранжманите

Поради промената во состојбите кои влијаат на туризмот и откажување на резервациите во текот на последните неколку дена од повеќе странски партнери агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија денеска свика вонредна седница на Советот на АППТРМ.

Директорот на агенцијата Кристијан Џамбазовски вели дека , Советот на АППТ се свикува со цел да се превземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација.

„Очекуваме заедно со туристичкото стопанство да излеземе со став и предлози како би се ублажиле  негативните резултати од актуелната ситуација. Истовремено се соочуваме со ситуација во која различни медиуми домашни и странски излегуваат со своја интерпретација на настаните, со што се предизвикува несигурност кај странските партнери и откажување на оганизираните патувања кон Македонија од сите странски држави“ изјави Џамбазовски.

Аранжмани на туристи од соседството биле откажани по последните случувања во земјата и терористичкиот напад во Куманово, а на ова влијаат и препораките на министерствата за надворешни работи кои по случувањата во Куманово предупредија на претпазливост при патување во Македонија. Покрај соседните земји такви препораки објави и холандското МНР.

Слично

Поврзани вести