Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристите се изјаснија што најмногу им пречи во Будва и Котор

Туристите се изјаснија што најмногу им пречи во Будва и Котор

Во Црна Гора  посетителите летово најмногу се жалеле на бучавата, вознемирувањето за време на нивниот престој на плажа и нелегалната работа. 

Ова денеска го соопшти црногорската Национална туристичка организација (НТО).

Од почетокот на јуни, кол центарот на таа организација примил 28 поплаки од туристи и граѓани, пренесува РТЦГ.

„Поплаките се однесуваа на бучава, попречување на престојот на плажа и узурпација на плажите, работа на црно, нељубезен персонал, непочитување на регулативата, плажи без ценовници, спасувачи и кабини за преслекување и нарушување на јавниот ред и мир“, велат оттаму. 

Најмногу претставки, 11 од нив, биле од Будва и десет од Котор.

фото Википедија

Читајте уште

Црна Гора најмногу сезонци увезла од Македонија

Слично

Поврзани вести