Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРИСТИТЕ ПРОСЕЧНО ТРОШАТ ПО 1.380 ЕВРА: Која европска земја прими над 76 милиони посетители?

ТУРИСТИТЕ ПРОСЕЧНО ТРОШАТ ПО 1.380 ЕВРА: Која европска земја прими над 76 милиони посетители?

Шпанија годинава е со рекорден број туристи и над 105 милијарди евра заработка.

Земјата забележа рекордни 76,5 милиони странски туристи во првите девет месеци од оваа година, што е зголемување од 3,5 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во истовреме, туристичката потрошувачка првпат надмина 100 милијарди евра, објави Националниот институт за статистика.

Вкупниот приход од туризмот достигна 105,8 милијарди евра, што е зголемување од седум отсто во споредба со 2024 година. Просечната потрошувачка по турист е 1.380 евра, додека просечната дневна потрошувачка се зголемила на 204 евра, што е зголемување од 4,5 отсто. Во септември е забележан побавен раст на туристичките пристигнувања – со 9,7 милиони посетители, што е годишно зголемување од само 0,8 отсто.

foto freepik.com/bearfotos

Слично

Поврзани вести