Туристите не им донесоа среќа
Кубанците прво се радуваа на туристите, но подоцна ова се смени.
Заради зголемена побарувачка има раст на цените на храната и пијалоците, кои и онака ги нема многу. Животот во Куба за обичните луѓе никогаш не бил лесен.
Оваа година со затоплувањето на односите со САД, 3.5 милиони туристи сакале да ги пробаат специјалитетите во Куба.
Заради ембаргото од САД и лошото планирање на Владата, земјоделството ова не може да го издржи.
Туристите во Куба носат приходи на приватниот сектор, а повеќето вработени во земјата се во државен сектор.
Во повеќето маркети полиците се празни.
Според стручњаците оваа земја треба повеќе да вложува во земјоделството.
Слично
