Туристите најмногу ги посетуваат хотелите од висока категорија
Туристите во Македонија најмногу ги посетиле хотелите со четири ѕвезди. Во бројки изразено вкупно 176 365 туристи престојувале во хотели со четири ѕвезди. Веднаш потоа по посетеност се хотелите со три ѕвезди со 119 130 посетители. На трета позиција се наоѓаат највисоко категоризираните хотели со пет ѕвезди со 103 586 посетители. Далеку послабо се посетени хотелите со две ѕвезди со 60 853 гости минатата година и на крај најниско категоризираните хотели со една ѕвезда - таму престојувале 23 008 туристи.
Македонците при своите патувања низ земјава ги претпочитаат хотелите со четири ѕвезди. Така изминатата година во овие хотели престојувале 42 735 домашни туристи. Веднаш по нив се хотелите со три ѕвезди, во кои престојувале 32 671 Македонец, па хотелите со две ѕвезди, со 22 152 посетители. Дури 14 790 Македонци барале луксуз при својот престој и ги одбрале хотелите со пет ѕвезди. На дното, вообичаено, ниско категоризираните хотели со една ѕвезда, во нив престојувале само 9 320 домашни туристи.
Странските туристи, пак, најмногу ги посетуваат вискокатегоризираните хотели со четири и пет ѕвезди. Така изминатата година во хотелите со четири ѕвезди престојувале 133 630 странски туристи, додека во хотелите со пет ѕвезди уживале 88 796 странски посетители. Следни се хотелите со три ѕвезди со 86 459 странски туристи, хотелите со две ѕвезди со 38 701 странски посетители, и хотелите со една ѕвезда, 13 688 странски посетители.
Според податоците добиени од министерството за економија, сектор за туризам, заклучно со 31.12.2013 година, во земјава се регистрирани следните хотелски капацитети:
Супериор хотели со пет ѕвезди-2
Хотели со пет ѕвезди-11
Супериор хотели со четири ѕвезди-1
Хотели со четири ѕвезди-36
Хотели со три ѕвезди-60
Супериор хотели со две ѕвезди-3
Хотели со две ѕвезди-52
Хотели со една ѕвезда-39
Во бројки, во нашата земја има вкупно 204 хотели.
Анализата ја изработи Тони Павловски, студент на факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Слично
