ТУРИСТИТЕ ЈА ИЗБЕГНУВААТ ТУРЦИЈА: Нападите ги намалија цените на одморите
Нападите во Турција ги намалија цените на одморите со близу 40%.
Во моментот многу компании нудат еднонеделен одмор за еден човек и патување со авион за 299 евра и 399 евра. Во тоа време минатата година цената беше 480 евра.
Туристите можат да најдат многу привлечни понуди и ако зборуваме за цена сега е времето за одмор во Турција, коментираат од туристичките агенции.
„Предлозите за одмори со почетна точка Истанбул се околу 40 отсто поевтини од минатата сезона. На пример одмор кој чинел 900 евра, сега може да се најде за 500 евра, а понудите од 700 евра се намалени на 400 евра за еднонеделен одмор по човек за крстарење во Медитеранот. Тука не може да се каже дека има проблем со безбедноста, бидејќи откако се качиш на бродот и испливаш кон Кипар или Грција, проблемот исчезнува“, велат експерти.
