Туристите им стигнаа, а ниту еден ресторан не работи
Луѓето кои се занимаваат или го следат туризмот велат дека април во Далмација е многу здодевен.
Истражување на Слободна Далмација покажа дека тоа не е така и дека туристите се среќни, но им фали содржина.
Анализата е направена на Макарска која пред Велигден е многу посетена.
Оттаму велат дека имаат две продавници, една пицерија, едно кафуле, и една пекарница.
Додаваат дека во овој период од годината само тие неколку објекти работат, а преку зима нема ништо.
Макро Лукетина, директор на еден хотел вели дека тоа не е туризмот кој би требало да го имаат во предсезона.
За домашните претриемачи бројот на туристи кои сега доаѓаат не е доволен за да почнат да работат.
Гисела Шајдер, туристка од Германија вели дека за неа е проблем тоа што нема каде да купува.
Таа додава дека не може да купи сувенири или да си ја обнови гардеробата додека е на одмор, затоа што ништо не работи.
