Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристите им дадоа оценка 5 за насмевка, и 1 за сметот

Туристите им дадоа оценка 5 за насмевка, и 1 за сметот

Безбедноста, гостопримливоста и гастрономијата се три адути на српскиот туризам, оцениле туристите кои лани биле во Белград. 

Истражувањето на Центарот за истражување на хотелиерство и туризам даде интересни податоци. 

Гостите кои доаѓаат во Белград се луѓе на возраст од 35 до 64 години, богати се, стигнале со авион и трошат многу. 

Од нив 61% прв пат доаѓаат во Белград, а остатокот веќе биле во градот. 

Најдобри коментари има за гостопримливоста, добрите ресторани, добриот ноќен живот, ниските цени и убавите паркови. 

Но, сите туристи ги нервирала нечистотијата во градот. 

Плус, многу од странците навеле дека им е непријатно што ноќе низ градот се шетаат голем број бегалци. 

Вкупната оценка за Белград е 4. 

Интересно е дека гостите од ЕУ се позадоволни од оние кои се од Србија. 88% од туристите од ЕУ рекле дека ќе го препорачаат Белград на своите пријатели. 

Слично

Поврзани вести