Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристичките работници испорачаа ултиматум до Филипче

Туристичките работници испорачаа ултиматум до Филипче

Туристичките работници излегоа  со ултиматум до министерот за здравство, Венко Филипче, а најавуваат и протести. 

Тие во својата реакција го критикуваат  Филипче, односно неговата вчерашна препорака воопшто да не се патува и туристите да останат дома.

„Ако министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна“, реагираат туристичките работници.

Од таму поставија ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на, како што велат, нелогичната одлука за превоз на 50 отсто на патници во автобусите и бараат да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Слично

Поврзани вести