Туристичките потенцијали на Македонија претставени пред јапонски тур оператори
Со двочасовна презентација, туристичките потенцијали , видовите туризам и можностите за инвестирање во овој сектор беа презентирани пред повеќе од педесетина тур оператори од Јапонија кои во рамки на презентацијата беа повикани да ги искористат бенефициите и субвенциите шти им ги нуди македонската Влада на странските тур оператори и агенции.
Македонската амбасада во Токио во соработка со Јапонската асоцијација на тур оператори и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се организатори на туризмот, а презентацијата на јапонски јазик ја одржа првиот резидентен амбасадор на Македонија во Токио, Андријана Цветковиќ.
Таа ја презентирала Македонија како нова и атрактивна дестинација за Јапонците, кои пак, субвенциите на Владатаза тур операторите ги прифатиле со со голем ентузијазам
„Голем дел од нив ја контактираа Амбасадата со намера да се информираат што повеќе за нашата труристичка понуда, а воедно и подготвуваат тури во Македонија. Амбасадата посветено работи на промоција на Република Македонија во Јапонија, при што се надеваме на значително зголемување на бројот на јапонски туристи за следната година, посочи амбасадорката Цветковиќ.
Охрид беше избран меѓу 30-те најубави места во Европа од страна на јапонските тур оператори во конкуренција на 169 земји, a mакедонските вина од повеќе винарии беа дегустирани на презентацијата за туризамот од страна на јапонските тур оператори.
