Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ПОБАРАА: Субвенции за минимална плата, поволни кредити, ослободување од плаќање на ДДВ

ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ПОБАРАА: Субвенции за минимална плата, поволни кредити, ослободување од плаќање на ДДВ

Субвенции за минимална плата и целосно покривање на придонесите до крајот на годината, поволни кредити, ослободување од плаќање на ДДВ, продолжување на грејс периодот за враќање на кредитите до септември догодина, се само дел од барањата на туристичките работници, кои вчера излегоа на протести за да го изразат незадоволството, од како што велат целосното игнорирање од страна на властите.

Тие уште пред еден месец  ги доставиле доставиле барањата до Mинистертвото за економија, но потенцираат дена оттаму нема ниту збор.

Од Владата велат дека ја следат економската состојба во земјава, во моментов не се носта одлуки зошто не е формиран владин кабинет се уште.

- Очекувањата се наскоро да се формира нова Влада, по што ќе се донесе и четвртиот пакет на мерки. Сите предлози од туристичките агенции ќе бидат разгледани и како Влада, заеднички со Министерството за економија, ќе се обидеме да излеземе во пресрет на барањата, се наведува во соопштението на Владата.

Инаку, веќе пет месеци, туристичките агенции се без приходи поради кризата со корона вирусот.


Слично

Поврзани вести